Од основањето на нашата компанија, ние се обврзуваме за постигнвање на резултати согласно светските стандарди во сé што работиме.Нашиот постојан труд за усовршување на извонредноста нé води кон нашата цел – да бидеме пример за надминати очекувања на вредноста и услугата како за нашите партнери така и за вработените. Остарувајќи го ова да се стане и остане препознатлив бизнис субјект кој што не само што ги прави нештата на вистински начин туку ги прави вистинските нешта.Ние знаеме каде одиме, а тоа е патот кон остварување на големите цели. Истрајувајќи на тој пат, секогаш имаме на ум дека извонредноста не е само крајна дестинација, туку континуирано патување кое никогаш не завршува.
КОМПАНИЈА БАКО е приватна компанија формирана во 2000 година. Нашата главна дејност е производство, преработка, пакување и трговија со зрнести и прашкасти производи, сушено овошје, корнфлекс.
Ние во Бако сме посветени на креиреањето на најдобри и најинвентивни производи и услуги, да бидат достапни секогаш и секаде. Ја задржуваме досегашната цел - преку својата потрошувачки ориентирана стратегија, конкурентни понуди и уникатни производи, да ја оствариме нашата мисија и визија - да бидеме синоним за квалитет кој не се заборава.
Вработените се нашата движечка сила.
Нашето основно мото е „задоволни вработени - задоволни купувачи“. За тоа БАКО применува модерен и систематски пристап во управувањето со човечките ресурси, преку селектирање и распоредување на вработените, вреднување на нивните резултати, унапредување и наградување, како и континуирана обука.
Покрај добрата организациска поставеност во компанијата и пријатната работна атмосфера, компетентентниот и мотивиран тим е клучeн фактор за успехот. Нашите вработени се нашата движечка сила. Tиe се вистински професионалци, лојални, посветени и подготвени да одговорат на предизвиците и барањата на денешниот современ купувач.
Вработувањето во БАКО претставува гаранција за работа во општествено одговорна компанија која ги почитува човековите права, ги исполнува законските барања, се грижи за здравјето и безбедноста на вработените. Кодексот на етика и однесување ги дефинира: нашите вредности, деловната етика и корпоративната култура. Ние сме стручни, работиме чесно и искрено и секогаш превземаме одговорност за нашите дејствија.