Јаболката се извонредно овошје богато со витамин Ц, витамини од групата Б, калциум, калиум, фосфор, железо, магнезиум и цинк, но овој сочен плод содржи и многу антиоксиданси и растителни влакна кои дополнително го засилуваат одбранбениот систем на телото. Земајќи го ова во предвид, слободно може да се каже дека секое јаболко е микс од супстанции кои делуваат благотворно и на здравјето и на вашиот изглед.
Јаболкото е познато и како “чистач“ на крвта поради тоа што го намалува нивото на холестеролот, ги зајакнува сите мускули, а посебно мускулите на срцето.