Кокосот се смета за најкорисно дрво на светот, а од него се добиваат храна, пијалок, облека... Речиси ништо од кокосот не се фрла во Филипините, каде што го нарекуваат "дрво на животот". Индонезијците велат: "Постојат толку многу употреби на кокосот колку што има денови во годината". Кокосот не содржи холестерол. Тој е добар извор на: тијамин 0,1 мг во 240 г свеж кокос, рибофлавин 0,1 мг, калциум 58 мг, растителни влакна 2,6 г, витамин Ц 5,8 мг, магнезиум 60 мг и калиум 600 мг.