Мангото е егзотично овошје познато како тропска праска. Неговиот вкус потсетува на измешани вкусови на праска, портокал и ананас...
Мангото ги содржи витамините А, Б, Ц, Е и К и е богато со калиум, бакар и есенцијални масни киселини, а кората е исклучително богата со растителни влакна кои помагаат во регулирањето на варењето на храната.
Плодот е одличен извор и на флавоноиди како бета-каротен, алфа-каротен и бета-криптоксантин. Конзумирањето на овошје богато со каротен го штити организмот од рак на белите дробови и на устата.
Поради присуството на сите овие добри состојки мангото е добредојдено во исхраната за време на сите 4 сезони.