Урмите содржат големо количество на танини и во медицината често се користат за прочистување на организмот. Сирупот или пастата од урми може да се користи при болно грло, настинка, намалување на болки при грип. Коренот од палмата се користи при забоболка. Во 100 гр урми има 314 калории, 73 гр протеини, 0.3% масти, протеини (2.3%-5.6% или 7% од ДПК), имаат 8 гр диететски влакна и дури 23 амино киселини. Урмите го засилуваат телото, го намалуваат холестеролот во крвта, заштитуваат од паразити и бактерии. Оксидансите од урмите се совршени за заштита од кардиоваскуларни заболувања и канцер. Најдобро е да се јадат на празен стомак, тогаш најмногу се искористуваат добрите состојки.